Опозицискиот руски весник „Новаја газета“ објави дека ја „суспендира“ работата и на интернет и на хартија – „до крајот на „специјалната операција на територијата на Украина“.
Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор денеска упати второ предупредување до весникот, пишува рускиот весник „Комерсант“.
Ја продава нобеловата награда за помош на украинските бегалци
Главниот уредник на независниот руски весник Новаја газета, Дмитри Муратов ја доби Нобеловата награда за мир за 2021 заедно со филипинската новинарка Марија Реса.
„Добивме ново предупредување од Роскомнадзор, по што престанавме да го објавуваме весникот и онлајн и на хартија – до крајот на „специјалната операција на територијата на Украина“, се вели во соопштението на Новаја Газета.







