„Договорот го дефинира само „државјанството” на граѓаните на соседот, што е правна врска меѓу граѓанинот и државата. Покрај тоа, ПЈРМ формално ѝ потврди Грција преку Меморандумот за разбирање од 16/1/2019, кој е правно обврзувачки за ПЈРМ, дека употребата на терминот „националност” во англиската верзија на Преспанскиот договор се однесува само на „државјанство”.



Ова е дел од одговорот на грчкото Министерство за надворешни работи на Грција, на на прашањата на граѓаните дали се признава македонски јазик и македонска нација со Преспанскиот договор.

„… измената на Уставот на БЈРМ вели дека „државјанството не ги специфицира, ниту пак ја утврдува етничката припадност на граѓаните на земјата”. Ова се наведува експлицитно и обврзувачки за БЈРМ во вербална белешка испратена од Скопје.
Според ова, Договорот, не го признава „македонскиот народ” или „македонската нација”.

Што се одесува до јазикот, грчкото МНР објаснува дека „Договорот експлицитно вели дека службениот јазик на соседот спаѓа во групата словенски јазици,  и „не е поврзан со античката грчка култура” на Македонија и “не е поврзан со […] историјата, култура и наследството на Македонија (член 7 (4))“, пренесува порталот МКД.МК.