Новите советници на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица во дел од општините заклетвите ги потпишуваат со старото уставно име на државата, Република Македонија. Советниците на СДСМ одбиваат да потпишат вакви заклетви. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица се повикуваат на Законот за локална самоуправа и на Преспанскиот договор и велат дека за внатрешна употреба нема никаква пречка од употребата на името Република Македонија и до пет години од почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, пишува МКД.МК



Прашањето е дали потпишувањето на заклетвите под името Република Македонија може да се смета за противзаконски чин, прашуват од порталот со оглед на тоа дека: Член 1, точка 10 од Преспанскиот договор вели:

Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:

а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.

Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба.

б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна.

Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

edf