До крајот на следната недела, Преспанскиот договор ќе биде усвоен, изјави денеска претседателот на грчкиот парлемент, Никос Вутис.



Парламентарните процедури за ратификување на Преспанскиот договор почнуваат веќе в понеделник, соопштуваат високи партиски функционери од СИРИЗА.

Утре грчката влада ќе дистрибуира десетици илјади копии од Преспанскиот договор, со цел, како што е речено, секој Грк, да се запознае со Договорот.

Лидерот на партијата „Потами“, Ставрос Теодоракис сопшти дека нивните пратеници ќе гласаат „за“ договорот.

Со петте пратеници на „Потами“ и 145 пратеници на СИРИЗА, Ципрас има сигурни 150 гласови договорот да биде ратификуван.