Денешната влада, која се претвори во слеп орган на НАТО, не го претставува народот и затоа не распиша референдум, пишува познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, во неговата колумна во весникот „Та неа“ и упатува критики како до владата, така и до амбасадорот на САД во Грција, во врска со Договорот од Преспа и плановите на НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.
„По наредба на американскиот амбасадор во Грција, Скопје на било кој начин да се признае под име што го содржи зборот Македонија, со цел долгата рака на НАТО да го пренесе Скопје, со мат потег, на шаховската табла на агресивни подготовки и да го претвори во една дополнителна база на мрачните НАТО планови, пишува грчкиот композитор во неговата колумна за „Та неа“.
Теодоракис додава воените бази во Грција и на Балканот не им служат на интересите на народите, туку на странците и тоа треба да го имаат предвид оние кои на следните избори ќе се бoрат за власт.





