Грчки медиуми шпекулираат дека можно е процедурата за ратификација во грчкиот парламент да заврши пред митингот против Договорот од Преспа закажан за в недела на плоштадот Синтагма во Атина.
Според информации кои кружат меѓу пратеници на СИРИЗА едно од сценаријата е Договорот да се најде пред соодветниот комитет во четвртокот, ден по гласањето за доверба на владата, со идеја гласањето за ратификација да се заврши до петок или сабота, пишува грчкиот портал NOOZ.
Според истите извори, владата, по
гласањето на доверба, веднаш ќе го започне процесот со цел да го спречи
митингот во недела.
Ваквото
сценарио се подгрева откако поранешниот
министер за надворешни работи, Никос Коѕиајс,
им соопштил на група пратеници дека нотата со која Скопје ја известува грчката страна дека се завршени уставните
измени ќе пристигне најдоцна до денес во
Министерството за надворешни работи на Грција.
Сепак, порталот ценува дека поради бирократски процедури речиси е невозможно да има гласање на пленарна седница до петок или сабота.
Според друго сценарио, Преспанскиот договор ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во вторник, 22 јануари.




