Преспанскиот договор е ништовен, сметаат од Светкиот македонски конгрес и поранешната пратеничка Солза Грчева. Затоа тие од Уставниот суд бараат да ја преиспитаат уставноста на Одлука за прогласување на Уставниот закон за спроведување на Амандманите 33 до 36 на Уставот со кој договорот стана дел од правниот поредок на Македонија.
„Во иницијативата, која е поднесена од Светскиот македонски конгрес и Солза Грчева, се наведува дека со оспорената Одлука се повредува владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните.
Се спори дека меѓународниот договор не бил потпишан од страна на претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи кој според нив не поседува активна легитимација и надлежност. Според наведеното подносителите пишуваат дека меѓународниот договор е ништовен, бидејќи е во колизија со меѓународното право“, пишува во дел од иницијативата. МКД.Мк






