Пресметка во СДСМ: Шефот на тајната служба го нападнал најмоќниот човек во македонската безбедност

Скандалот со пренесување во живо на тајната сесија на Комисијата за надзор на службите за безбедност не е единствената драматична работа која се случила денеска за време обидот да се дознае кој и зошто одобрил македонски пасош за човек на Путин кој работел контра претседателот на САД, Бајден.



Извори во една политичка партија која е дел од Собранието а која има пристап до стратегијата за одбрана на повиканиот тврдат дека на настапот пред Комисијата директорот на АНБ Виктор Димовски одговорноста за пасошот за Александар Онишченко кој е на црната листа на САД ја префрлал кај министерот за внатрешни работи.

Димовски кој на комисијата беше повикан од Љупчо Пренџов кој е шеф на телото за надзор на тајните служби требало да каже како човекот кој тргувале со гас добил македонската патна исправа но тој не дал конкретни одговори.

Во своето излагање Димовски се обидел да ја префрли вината врз системот на МВР кој го раководи Оливер Спасовски.

Судирот меѓу Спасовски и Димовски трае откако пролетоска во трката за наследник на директорот на АНБ се вклучија сите најважни фактори во СДСМ кои сакаат да имаат влијание врз најмоќната тајна служба.

Затворената седница со Виктор Димовски одела „во живо“ на Јутјуб