Соседи, членови на две семејства вчера жестоко се пресметале во скопската населба Чаир при што двете групи употребиле огнено оружје и ножеви.
Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош“, велат од МВР.
По насилството, полицијата изврши увид и приведе две лица.







