Пратениците на британскиот Парламент утре ќе гласаат за една од дури седум можни опции за излегувањето од кризата создадена околу Брегзит.



Одржување на нов референдум, излегување од Европска Унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија, до конечно откажување од Брегзит се некои од 7-те опции за кои утре ќе гласаат пратениците на британскиот парламент.

Тие синоќа со 329 „за“ наспроти 302 „против“ гласаа да ја преземат контролата од Владата околу излегувањето на Британија од ЕУ, откако во две претходни гласања го одбија планот на премиерката Тереза Меј за договорен „развод“ со Унијата.

Тројца министри, Ричард Хард, Алистер Барт и Стив Брајн, ја напуштија владата, спротивставувајќи се на премиерката Тереза ​​Меј да го поддржа планот за давање на поголема улога на пратениците за заминувањето на ЕУ, соопшти извор од владата.

Нешто подоцна, британската влада соопшти дека  преземањето контрола над дневниот ред на Парламентот, а 302 беа против – ова претставува „опасен, непредвидлив преседан за иднината“.

Премиерката е под притисок да поднесе оставка поради неуспехот на нејзиниот план за Брегзит и политичкиот хаос во земјата.