По бруталното претепување на едно лице од полициски службеник, денеска во Битола се одржуваат протести.



Демонстранти извикувале „нема правда нема мир“, пренесе ТВ.21.

Зад протестите стои невладината Аваја, граѓанска иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните Роми пред сите засегнати страни.

Протестотсе одржува заедно со здруженијата Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато.

Организаторите најавија мирен протест.