Вториот дел од законот каде што имаме криминал во најава од 5 милиони евра, забрзано и сигурно оваа здружена владејачка структура успева да уништи и да искраде се од Електрани на Македонија. Токму затоа сакам да ве потсетам колеги од мнозинството дека Електрани на Македонија од независното на државата до 2017та година, додека вие не ја преземавте Република Македонија и не почнавте да управувате беше најголемото државно претпријатие, гигант кое што секоја година и секој месец остваруваше добивки, вели пратеникот од ГРОМ коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница.
Пренџов потенцираше дека пред доаѓање на СДСМ на власт, до 2017та година Електрани на Македонија на сметката имало останато 25 милиони евра на салдото со подмирени обврски, но дека денес овој довчерашен гигант е во долгови од 18 милиони евра и покрај тоа што државата исплатила 170 милиони евра.
Ова претпријатие го земавте со повеќе од 25 милиони евра суфицит пари, тоа значи дека сите обврски биле подмирени и оставени биле 25 милиони евра на салдото. Денес ова претпријатие се соочува со повеќе од 18 милиони евра дефицит, односно 18 милиони евра долг иако државата исплати повеќе од 170 милиони евра пари од буџетот, нашите граѓанските пари, со цел истото да функционира, истакна тој.