Пренџов: Ќе видиме дали Ковачевски или Груби одлучува

Пратеникот Љупчо Пренџов смета дека (не) е јасно кој ги носи одлуките во државата.



„Во поглед на уставните измени, (премиерот) Ковачевски изјави дека некаде до 17 јуни во Собрание ќе пристигне предлогот за уставни измени, но два дена после него (првиот вицепремиер) Артан Груби изјави дека до крајот на јули…а, гледаме, не се стигнати.

За уставните измени најрано во август, ако пратениците не одат на одмор

Ќе видиме дали Ковачевски или Груби одлучува. Тука можеме да видиме кој и како ја контролира Македонија – изјави Пренџок од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” за „Само вистина” на Канал 5.

Според него причина што предлогот се уште не стигнал од Владата во Собрание, не е само заради тоа што опозицијата нема да ги гласа, туку и стравот е од срамот што пратеници од владејачкото мнозинство нема да ги поддржат.

Пренџов уверува, најодговорно, како што рече дека 44-те пратеници нема да ги поддржат усѝтавните измени.

„Затоа зборот на Ковачевски не важи ништо во реалноста. Затоа ги нема уставните измени, бидејќи знаат дека од нас нема да имаат глас, ама не знаат колку од нивните нема да ги гласаат. Ниту еден пратеник од тие 44 од коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги гласа уставните измени под бугарски диктат“, истакна Пренџов.