„Предлогот на законот за амнестија е итно потребен, дури е и со задоцнување. Држава која затворениците не ги третира како човечки суштества не може да се нарекува држава“, објави на фејсбук министерот за правда Кренар Лога.



Казните ќе бидат намалени за 30 отсто на оние осуденици кои исполнуваат услови, па оттаму, ќе има голем број кои веднаш ќе си одат дома по стапување на законот за амнестија во сила. Некои што се осудени до 6 месеци за поситни кривични дела, нема ни да влезат во затвор, јавува порталиот СДК.

И овојпат, ако осуденик добил единствена казна за неколку кривични дела, амнестија ќе добие само за оние кои не се тешки кривични дела кои нема да може да подлежат на скратување.

И овбој нов предлог закон за амнестија, ќе биде сличен на оној кој го предложи владата на Зоран Заев, а го изгласа Собранието во 2018 година, за растеретување на пренатрупаноста на затворите.

Убијци, силувачи, педофили, терористи и сторители на изборен криминал и на други тешки кривични дела тогаш не беа амнестирани, а според нацрт-текстот што се подготвува во Министерството за правда, и овојпат ќе биде исто.