Дефинитивно недостига координација меќу премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата, Никола Димитров, барем околу јавните настапи за една иста тема.
Како што пишува „Пресинг.ТВ“, за телефонските разговори со руските комичари, премиерот, одговарајќи на новинарско прашање рече дека за телефонските разговори со странски државници се водат записници од кои дел се објавуваат и во јавност.
„Обично седи до мене мој советник и прави записник од самиот разговор додека јас телефонски разговарам“, рече Заев.
За Димитров оваа практика е надмината:
„Оваа филозофија со белешки, таа е филозофија на минатиот век“ вели Димитров.
За скандалозната изјава на Борисов кој за Стево Пендаровски рече дека е „северномакедонски претседател“, Заев за Пресинг.ТВ изјави дека ќе следува реакција:
„Секако реагираме и веднаш испраќаме нота за да може да се исправат грешките“, изјави премиерот.
Но, Димитров со спротивен став:
„Во контакт сме на неколку нивоа со нашите пријатели од Софија каде што укажавме на исправна употреба на името и придавките, на целата терминологија и со мудрост и заедничко разбирање, во интерес на добрососедските односи, ќе најдеме начин да се почитува во целост употребата и на името и на придавките“.
Извор: Пресинг.ТВ





