Премиерот Зоран Заев се согласил неделава да ја посети Софија, на синоќешната средба со бугарскиот претседател Румен Радев на крајот на самитот на НАТО во Брисел.
Во разговорите, бугарскиот претседател Радев ја истакнал принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Македонија во ЕУ, како и очекувањата на Бугарија за директен и активен политички дијалог за решавање на отворени прашања во билатералните односи, пртенесе БГНЕС .
„И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на држави на Република Бугарија и Република Северна Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета на Рим и Ватикан во мај за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј“, се вели во соопштението на прес служабата на бугарската влада.
На состанокот присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија Георги Панајотов, пренесува БГНЕС.






