Премиерот Димитар Ковачевски јавно се пофали дека има редовна исплата на плати и пензии.
,,Буџетот на државата е ликвиден, се врши редовна исплата на пензиите, платите, се реализираат мерките кои Владата ги има проектирано и мерките од последниот пакет на антикризни мерки за најранливите категории на граѓани. Во услови на оваа најголема криза правиме и пренамена на средства. Над 100 милиони евра се кратат одредени трошоци за кои сметаме дека не се неопходни во услови на криза”, објави Ковачевски кој информира дека овие пари се пренаменуваат за справување со кризата и обезбедување на се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија, со храна и исплата на антикризните мерки.





