Премиерот Ковачевски ,,трокираше” односно почна да зборува нелогично со цел да не даде конкретен одговор откако новинарката на Алфа Мери Симоновска на прес конференција во владата му постави обично прашање за корупција.
Наместо да одговори конкретно за тоа што беше прашан премиерот почнува да реди низа други теми и прашања кои не беа опфатени во прашањето и на крајот повторно не го кажа тоа што се бараше од него.
Се што требаше да каже премиерот е што мисли за анкетата на Маркет Вижн според која дури 80 проценти од граѓаните мислат дека корупцијата е полоша годинава а 60 проценти сметаат дека Македонија оди во погрешна насока.
И во второто потпрашање кој е виновен за лошата ситуација по 7 години владеење на СДСМ Ковачевски не одговори конкретно но вербално ја нападна новинарката дека не можела да каже само еден виновник.
Ковачевски дури три пати при одговорот на Симоновска и вели дека таа не можела да каже кој е виновникот иако новинарката само постави прашање а самиот не кажа кој ја носи вината за ситуацијата.
Прашањата на Симоновска и нелогичните и конфузни одговори од Ковачевски се од 33 минута и 30 секунди во видеото
Поврзана вест
Не може да удри по народот па удри врз тие што слушаат, запишуваат и објавуваат што мисли народот






