Премиерот се вратил од одмор затоа што почувствувал дека народот сакал да го види

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Будинарци, каде е едно од најголемото жариште на пожарите во Македонија рече дека одморот му траел само три дена и дека се вратил затоа што му дошло чувство дека му недостасува на народот.



“Јас бев на одмор само три дена и се вратив, бидејќи почувствував дека народот сака да ме види овде” , одговори премиерот на новинарско прашање.

Тој додаде дека системот функционирал и без неговото присуство и дека граѓаните очекуваат пред се од него да биде премиер, додека координацијата може да се направи и преку телефон.