„Лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за МИА што ќе биде објавено во целост утре.



Премиерот Заев објаснува дека за некои работи се согласува со Мицковски, особено во делот на реформите, и затоа смета дека може да најдат заеднички прифатливи решенија за прашањата од национален интерес.

„Но, кога зборува за економијата, мислам дека не се снаоѓа најдобро. Република Македонија беше во минус. Беше урнисана држава, финансиски комплетно разнебитена. Имајќи го сето тоа предвид, досега ние успеавме да го стабилизираме буџетот на државата, да постигнеме раст на економијата, платите почнаа да растат. Без разлика кој како ќе го сфати ова, меѓутоа за овие прашања можам да им држам лекции на Мицковски и на опозицијата до сабајле, па и повеќе“, вели Заев.

Премиерот, меѓу другото вели и дека „за сите 11 години од владеењето на претходната власт, и поттрошените пари од 250 милиони евра за реклами за медиуми, за промотори, за роуд шоуа, дојдоа 23 странски инвеститори. И тоа е добро.

„Но, ние, за 10 месеци, без ниту еден денар за реклами или за роуд шоуа, потпишавме договори со 10 големи компании, странски инвеститори. Пред потпишување сме на уште осум нови, од кои три се домашни компании бидејќи поддршката за инвестиции сега важи поеднакво и за домашните компании. Преговараме со приближно 200 компании, и тоа не е само заради тоа што само имаше промена на власта“, вели заев во утрешното интервју за МИА.