Премиерот „после работа“ во кампања ветува канализација во Арачиново

Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана – рече вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски кој вчера во Арачиново вети канализација.



Спасовски е носител во втората изборна единица, а токму Арачиново е дел од истата каде тој отиде да види до каде е реализирано тоа што пред три години го ветиле како партија.

Мејлот кој пристигна до медиумите дека Спасовски ќе оди во Арачиново беше испратен од Владата, а не од СДСМ, објави Алфа.

Техничкиот премиер се правда дека таму бил во улога на претседател на влада, а не како носител на ИЕ.

“Ова е владина активност за увид во проектите кои што ги финансира владата, не е кампања, кампањите ги водиме после работното време” – вели Спасовски.