Премиерот пак нѐ срамеше со англискиот – утна пол, презиме, дипломатски манири (ВИДЕО)

Премиерот Заев повторно предизвика смеа со неговиот лош англиски изговор но и со фактолошките грешки при разговорот што го водеше онлајн во рамки на дебата организирана од Атланскиот совет (АС) од Вашингтон.



Освен јазичните и акцентските грешки при смешниот изговор на зборови на англиски јазик Заев во два наврати направи и фактички грешки а во една прилика и дипломатски пропуст.

Во првото видео му се заблагодари на Димитар БАЧЕВ иако авторот на студијата на Македонија на АС се вика Бечев.

Во второто видео во која соработникот на АС Маја Пишчевич зборува дека и покрај членството во НАТО ако Македонија не почне преговори ќе дојде во тешка ситуација, Заев и го промашува полот и и одговара со ви благодарам господине.

Во еден од другите одговори запрашан каква помош очекува од новата администрација на Бајден Заев вели дека со оглед на интересите на Русија и Кина очекува Вашингтон да помогне на патот кон ЕУ.

Оваа изјава Зев ја дава во моменти кога никој освен Кина и Русија не му нудат вакцини а фирмите на неговата фамилија извезуваат милиони долари вредни производи на рускиот пазар.