„Заради тоа што во буџетот нема пари за бројчаник, приватно ќе платам еден бројчаник кој е околу пет, шест илјади евра – веќе и проверив колку кошта – да биде поставен на Триумфалната капија“ изјави денеска во интервју за Радио Слободна Европа премиерот Зоран Заев.
Запрашан дали се уште е на ставот од 27 септември минатата година, кога во интервју за РСЕ рече дека поставувањето на бројчаникот за враќање на украдените пари е врзано со правосилни судски одлуки, тој одговори потврдно.
„За да може да врати некој имот, да може да му биде конфискуван, според законите во Македонија мора да има правосилна судска пресуда (…) Верувам дека и ние ќе ги воведеме таквите европски пракси и дека со донесувањето на пресудата почнува постапката за враќање украдени пари, украден имот, наплата и обештетување на државата.
А кога ќе паднат такви одлуки и биде начисто дека се враќаат пари во буџетот, премиерот рече дека приватно ќе плати таков бројчаник.





