Премиерот очекува денес во Виена да биде направен исчекор на средбата на министрите за надворешни Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, за која грчките медиуми оценија дека ќе биде „клучна и решавачка“.
„На секоја средба гледам можност за исчекор. Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор сега повторно во Виена, да го искористиме секој мегдан и можност да направиме приближување за конечно решение“ изјави македонскиот премиер.
И „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори пишува дека Метју Нимиц оценувал дека „нивото на преговори меѓу Атина и Скопје е на повисоко ниво…“
Инаку вчера, еврокомесарот Јоханес Хан изрази изненадувачки оптимизам дека името може да биде решено за 15 дена. Македонскиот премиер Зоран Заев внимателно реагираше и изрази песимизам дека е тоа можно, додека од грчкото МНР му порачаа на Хан да внимава со изјавите и „да не создава погрешна слика за преговорите кои и онака не ги разбира“.





