Премиерот не запира да ,,тресе зелени”: Измисли дефиниција за криминалот на Онкологија (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски по десетиците претходни гафови и погрешно искажани зборови и фрази денеска се истакна со нов гаф или глупост.



Оценувајќи го криминалот на клиниката за Онкологија каде на пациенти им бил даван физиолошки раствор а цитостатиците биле продавани на Косово тој рече дека се работи за мултикултурен, мултиетнички и мултипартиски.

Криминалот според науката Криминологија може да биде организиран, прекуграничен, економски, насилен и од друг вид но ваква класификација на криминал каква што денеска измисли Ковачевски досега не е сретната.

Видеото по обичај ,,го улови” Богдан Илиевски.

https://www.facebook.com/603272137/posts/pfbid0ZWj5nvZgTHRQzx9UHTUegkNcjDfE6u18BtuzoSPZJyUjia2VbhPLe9XtPykHkv8al/?mibextid=Nif5oz

Г. М.