Премиерот Зоран Заев пак одби ТВ-дуел со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Прочитав што е причината, за разговорите со Бугарија… Мислам дека имаме многу што да посветиме време на поконкретни работи отколку да разговараме на таа тема која што е јасна за целиот наш народ. Сите детали се знаат, целиот регион знае, цела Европа знае и сега ние треба да дискутираме на дијалог со него за прашањето и проблемот што го имаме со Бугарија, не, мислам дека не треба“, рече заев во вчерашното интервју на ТВ 21. Заев.
Премиерот вели дека иако на целиот свет му е јасно дека никој не разговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа го потврдувале сите, само на „Мицкоски му требало декларација за македонскиот народ и македонскиот јазик“.







