Рашковки се извинил и „до небо“ за навредите кои на аудио снимката која беше објавена во дел од медиумите се слуша дека ги упатува кон Италијанците и ромската заедница и нма основи вои овој момент да го разреши генералниот секретар Рашковски затоа што не сторил ништо незаконски, јави „Нова ТВ“.
„ Се работи за тендер на М-НАВ кој што е завршен уште во 2016 година, но никако не се потпишувал за да почне неговата имплементација. Сето ова беше јасно и детално објаснето и верувам дека ќе има соодветна истрага и кривични постапки. Генералниот секретар доби насоки од Владата да ги забрза процесите затоа што се работи за систем важен за безбедноста“.
На директно новинарско прашање дали ќе го смени Рашковски Заев кажа:
„ Ќе ги согледаме последиците па ќе донесам одлука. Во овој момент – не, затоа што нема ништо законско – ги извршува работите добиени од Владата, а за навредите се извини“ , пренесе НОВА ТВ.





