Премиерот на Украина по втор пат поднесува оставка!

Актуелниот украински премиер, Олексиј Хончарук, поднесе оставка по втор пат, откако бил објавен извештај дека претседателот Володимир Зеленски го подготвува неговото разрешување од функцијата, пренесоа украинските медиуми.



Хончарук одби да коментира, пренесе Ројтерс.

Разрешувањето на Хончарук ќе дојде во време кога довербата во владата на Зеленски e во опаѓање.

Поранешниот актер и комичар, Зеленски, минатата година оствари голема изборна победа, ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Донбас и ќе се бори против корупцијата.

Според агенциски извештаи, вицепремиерот Денис Шмигал би можел да стане вршител на должноста премиер сè додека не се најде постојана замена.