Рускиот премиер Михаил Мишустин му соопшти на претседателот Владимир Путин во текот на видео-конференцијата дека е заболен од коронавирус.
„Само што дознав дека тестовите што ги направив за корона се позитивни“, рече Мишустин, додавајќи дека мора да се повлече во самоизолација.
Мишустин нагласи дека Владата ќе продолжи со работа, а тој ќе биде во контакт со министрите.
За вршител на должноста премиер на Русија е именуван потпретседателот на Владата, Андреј Белоусов.
До денеска во Русија се регистрирани 106.498 случаи на инфицирани со коронавирус. Од нив 1073 починаа, а 11.619 се излекуваа.




