Самопрогласениот „премиер на Чамерија“, извесниот Фестим Лато, кој повремено постира фотографии од Ослободителната армија на Чамерија, ги презентираше и пасошите на делот од Грција (Северен Епир) кои за Лато и неговите приврзаници е окупиран дел од Албанија.
Издавањето пасоши на „Република Чамерија“ во последниве неколку дена од организацијата со седиште во Холандија е проследено со пропаганда дека наводно САД дале „зелено светло“ за оваа акција, пишува грчкиот весник „То Вима“.
„Веста“ е проширена преку десетиците веб-сајтови преку кои ги повикуваат Чамите од Грциј,а но и од странство, да пополнат апликација за пасош.
Зад оваа акција стои самопрогласениот „премиер на Чемерија” Фестим Лато, контроверзна личност дури и за Чамите кои живеат во Албанија. Тој е активен од 2005 година и се обидел да го промовира прашањето за геноцидот над Чамите пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Пред една година, на почетокот на 2018 година, Лато успеа да се појави на конференција на европските либерали, каде што, наводно, меѓу европарламентарците и претставниците на Европскиот парламент, го покренал прашањето за кршење на човековите права на Чамите од страна на Грција, пишува „То Вима“.
Во последниве месеци, пишува весникот, пропагандата, дури и преку лажни вести на одредени веб-сајтови и социјални мрежи се интензивира.
Сега и преку издавање на серија пасоши, кои чинат околу 250 евра.





