Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така има намалување на цените на млекото кај одредени млекарници, и треба да се има предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.



Во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекуваме да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти, пренесе Курир.