Според Димитар Ковачевски нема потреба државата да интервенира во липковското село Слупчане каде што постојано има инциденти со ЕВН и освен тоа што се краде енормно количество на електрична струја, не се плаќаат ниту сметките за струја, пренесе Фактор.
„Не се работи за интервенција на државните институции, туку за работењето на приватна компанија. ЕВН е приватна компанија која е странска директна инвестиција и која има обврска да испорачува електрична енергија до секое домаќинство во државата како универзален снабдувач.
Заев му се закани на австрискиот амбасадор со тужба
Со оглед на тоа дека во посоченото место имаше проблем со наплатата и со диво приклучување во мрежата, компанијата заедно со надлежното Министерство за економија имаа разговори со градоначалникот на Општина Липково. Според кажувањата на компанијата, градоначалникот и на самите жители, тој проблем е надминат“, рече премиерот.







