Фантастични 265 евра или околу 16 илјади денари дневно троши премиерот Ковачевски дневно за сопствена промоција на социјалните мрежи.
Ако кампањата му трае цела година тоа значи дека тој би потрошил околу 100 илјади евра годишно за себепромоција на Фејсбук и другите мрежи.
Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи, открива Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).
Истражувањето покажува цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет кои работат во две смени за да го продадат премиерот како успешен пред јавноста.
,,Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните. Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови и постови. Изборниот законик, Законот за антикорупција и Кодексот на Владата забрануваат политичко рекламирање надвор од законските уредени кампањи”, пишува во истражувањето на ИРЛ.
Целото истражување на овој ЛИНК






