Постои судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО, изјави вчера претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, но премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо спорно:
„За МЕПСО ниту член 47, ниту член 48 од Законот за антикорупција дава ограничување на еден ваков експерт кој од регулаторна комисија е поставен за директор. .. Јас бев на состанок со ДКСК образложувајќи ги 47 и 48. Влеговме и во матичниот Закон за енергетика и апсолутно тврдам дека нема никакви ограничувања“, рече Заев за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.






