Премиерот ќе добие кривична пријава за лаги и манипулации во “Монструм”

Повеќе лица кои Заев ги споменувал директно или индиректно и ги клеветел во врска со случајот Монструм подготвуваат материјали за граѓански и кривични пријави против премиерот.



Најавата од најмалку две лица ќе биде процесирана во најкраток можен рок.

Во дел од тужбите Заев ќе биде гонет за навреда и клевета во граѓанска постапка во која од него за сторените дела ќе се бара да плати оштета ако биде осуден.

Оштетата што се очекува да ја плати Заев според најавата ќе биде донирана на луѓето кои ги загубија своите најблиски на Смилковското езеро.

За другиот потежок вид на можен криминал санкциониран со Кривичниот законик Заев ќе добие кривична пријава за која следува и затворска казна.

Адвокатите на луѓето што ги иницираат тужбите не откриваат точно за кои членови од Кривичниот законик се работи но според брифингот делата меѓу другото се поврзани со опасноста дел од роднините на убиените деца и рибарот од Силковското езеро да преземат одмазднички акции против лицата кои Заев како инволвирани или учесници ги споменувал во повеќе наврати пред најмалку десетина лица меѓу нив и адвокати.

Според судските извештаи Заев во разговори за Монструм споменувал лица кои што немале никаква врска со случајот и тој го знаел тоа а со тоа сепак роднините на убиените ги наведувал на нетрпеливост и потенцијални одмазднички акции кон лицата што ги споменувал.

За неговите изјави кои тој официјално ги негирал постојат повеќе сведоци но и судски записници кои според адвокатите лесно ќе ја потврдат вината на Заев.

Најчитана вест

Се обиделе ли македонските власти да подметнат најмалку 6 руски, кинески, ирански или други “спијачи” во НАТО

Откриени нови македонски офицери за НАТО кои имале контакт со ривалски тајни служби