Премиерот дури од четврти пат ја погодил честитката за македонскиот јазик (ФОТО)

Премиерот Ковачевски дури три пати направил грешки пред да ја погоди честитката за Денот на македонскиот јазик 5 Мај!



Откако вчера ја промашил стожерната мисла за Гоце Гоце Делчев тој денеска направил три неуспешни обиди на правилен македонски јазик да го честита денот на македонскиот јазик.

Во историјата на неговиот пост на Фејсбук јасно се гледа колку пати згрешил премиерот.

,,На овој ден кога го празнуваме македонскиот јазик, им оддавам должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик.

Со гордост можам да кажам дека ја исполнуваме мисијата и визијата на нашите предци. Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, тој е вграден во европското законодавство.

Ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за македонскиот јазик бидејќи „сè додека го чуваме и негуваме јазикот наш македонски“, како што вели нашиот великан Блаже Конески, „ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“, пишува во четвртиот обид на премиерот.

Поврзана содржина

„Шо си напредок во та глата“ – Ковачевски пак утна мисла на Делчев