Револтирани вработени во административните и техничките служби на Владата тврдат дека премиерот Ковачевски си заминал од седиштето на владата на Илинденска во ситуација во која тие работат во студ.
Според најмалку тројца револтирани владини службеници во зградата на Илинденска потврдуваат дека нема греење затоа што не работи системот за парно загревање.
Наместо со парно греење сега вработените користат дополнителни греалки на струја што е најстрого забрането во државни институции поради опасност од паѓање на електричниот систем и пожари.
Проблемот може да се реши со соодветна интервенција на надлежните служби но поради нетрпеливост меѓу кабинетот на генералниот секретар на владата и Службата за општи и заеднички работи на владата вработените на денот кога Ковачевски заминува од неа мораат да се снајдат за да не замрзнат.
Иако техничките служби одамна предупредувале дека е можен колапс на системот за греење цели 5 години никој не презел ништо поради што сега вработените во владата се приморани да го кршат законот со приклучување на греалки, да се греат со ќебиња и јамболии или да работат во студ.






