Премиерот на Велика Британија, објави нови ограничувања што ќе стапат во сила од четврток за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Пабовите и рестораните ќе бидат ограничени на услугата на маси и ќе мора да се затворат во 22 часот. Тој исто така истакна дека сите луѓе кои се во можност, треба да работат од дома.
Премиерот предупреди дека мерките можат да останат на сила во наредните шест месеци, освен ако не се најде порано вакцина и се закани дека ќе ги заостри доколку не се почитуваат или не дадат посакувани резултати.




