„Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори и тоа е јасно.
Пратениците сега имаа многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче. Пратениците сега имаат би рекол најважна задача, а тоа е да обезбедат европска иднина и перспектива на земјата и на граѓаните кои им го дале мандатот., изјави премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното интервју за МИА.
На обвинувањата од опозицијата дека ова е штетен договор Ковачевски вели дека нема да има подобар договор или друга Преговарачка рамка.
Ковачевски: Нема да има нови услови и Радев и Јотова така кажаа
Доколку ја пропуштиме оваа шанса за која имаме силна поддршка од Европската унија и САД ќе изгубиме нови 15 години, а нашата земја и младите немаат децении за губење, вели премиерот..
Во однос на најавите од можни нови блокади на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, Ковачевски смета дека нема простор за загриженост и дека тоа е теза која на наметнува опозицијата за да манипулира.






