Премиерот: Да нема бугарско вето во јуни, решение можеби во декември

Во интервју за МИА, премиерот Зоран Заев вели дека посакува на 22 јуни во Брисел да нема ново бугарско вето за почеток на преговорите со ЕУ, меѓутоа, како што вели, не се преголеми очекувањата дека во јуни ќе се најде решение.



Премиерот посакува да нема вето од Софија, а Советот за општи работи на ЕУ да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија.

„На 11 јули имаат избори, после тоа се формира влада, политичка влада која што навистина ќе ги продолжи и најде решенија конечно, тоа можеме да го направиме и во септември, октомври, декември оваа година, важно е граѓаните да ја знаат реалноста, затоа што навистина не сме далеку, ниту е проблемот нешто посебен, јас често кажувам дека е смешен, но проблем е што нема парламент и нема политичка влада и е проблем за носење одлуки, вели премиерот.

Тој нагласува дека во рамките на тие напори до крајот на оваа недела ќе ја посети Софија. Содржината продолжува после огласот

„Ако не постигнеме решение, да направиме исчекор со којшто со политичката влада ќе се најде решение. Правиме до крајот на оваа недела официјална посета на Софија каде со претседателот Радев, со премиерот Стефан Јанев и нивните министри ќе седнеме и ќе ги разглобиме до крај сите детали“, вели премиерот.