Нека ни е вековит Бадник, празникот во предвечерието на Божик – Христово рождество.
На овој ден, кога сите патишта водат кон домот, да се собереме во семејствата и исполнети со радост да ја прославиме веста за раѓањето на Христос, Честит Бадник, напиша премиерот Заев на Твитер.
Но реакциите не беа очекувани.
Лидерот на владеачката партија и најмоќниот човек во Македонија за 7 часа доби само 55 лајкови и 9 ретвита од кои по еден од Грк, Бугарин и Британец.
Коментарите на постот на премиерот посебна приказна и причина за сериозна анализа во неговиот ПР тим.
Честитката ја прифатија само двајца луѓе.
Останатите со коментари кои јасно го покажуваат ставот кон премиерот:
“Кај ќе се соберете вие, еден на скијање у Италија, друга на одмор у Куба?!”, пишува еден твитерџија.
“Го*нар! Не ти е срам??? Гледам и во Господ веруваш ама прво македонскиот народ ќе ти суди!!! Глупак!”, одговара друг.
Пораката и сите други реакции меѓу кои има и навредливи коментари на следниот линк
Нека ни е вековит Бадник, празникот во предвечерието на Божик – Христово рождество.
На овој ден, кога сите патишта водат кон домот, да се собереме во семејствата и исполнети со радост да ја прославиме веста за раѓањето на Христос.
Честит Бадник! pic.twitter.com/hLTb6S1Ffy
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 6, 2019





