Премиерот бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се сретнат утре

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски побарал средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, брифираат партиски извори.



Мицкоски ја прифатил поканата за состанок и тој е закажан за утре во 15 часот.

Ќе се случи во клубот на пратениците.

Засега нема најава за темите на разговор но логично е единствена тема да биде францускиот предлог и бугарскиот протокол.