Премиерката на Финска денеска во Скопје – посебен сообраќаен режим

Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија.   С



поред агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.


Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР .