Премиерата на “Ругање со Христос” ја чува полиција

Јас сум во кино Милениум. Се прашуваме дали сме можеби први и последни гледачи на овој филм. Надвор стои полиција. Жални денови, напиша професорката Билјана Ванковска на почетокот на македонската премиера на филмот Ругање со Христос на Јани Бојаџи.



Филмот се прикажува под засилено полициско обезбедување поради заканите што режисерот Бојаџи ги доби од наводни членови на УЧК и оценката на министерот за култура дека филмот е антиалбански.

Денеска наутро во Струмица е уапсен таткото на режисерот Бојаџи, 75 годишниот Андони.

Уапсен таткото на режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи