Премиер казнет за неносење маска на седница на влада

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча е казнет за кршење на анти-епидемиски мерки против коронавирусот, пренесува Ројтерс. Тој ќе мора да плати 6.000 бахти (190 американски долари) затоа што не носел заштитна маска.



Го информирав премиерот дека ова е кршење на правилата, рече гувернерот на Бангкок.

Казната на премиерот беше изречена откако тој објави фотографија од состанокот во зградата на владата на која е без маска на социјалната мрежа.

Фотографијата подоцна беше отстранета од неговата ФБ страница.