На премиерот Димитар Ковечевски не му пречи вчерашниот настан кога министрите од ДУИ играа кошарка и фудбал во канцеларијата на вицепремиерот Артан Груби во Министерството за политички систем што тој го води.



„Колку што знам, ова не се први фотографии од фудбал во неговиот кабинет.

Имам колеги премиери што имаат кошови во својата канцеларија.

Лично јас немам кош, но секој може да избере дали ќе има реквизит што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, две или пет, така што секој има право да си го организира просторот како што сака.

Исто како што и вие во вашата канцеларија можете да го организирате вашиот просторот. Ирелевантно е дали мене тоа ми пречи или не“, рече Ковачевски.