Прелева Дебарското езеро

По подолг период денеска прелева испусната шахта на Дебарското езеро.



Откако неколку месеци и покрај преполните Охридско и езерото Глобочица, Дебарската акумулација беше празна денеска вишокот вода од оваа вештачка акумулација преку испусната шахта влегува во Црн Дрим и понатаму во Албанија.

За дебарското езеро пред десетина дена говореше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се чудеше зошто оваа акумулација е празна додека на Охрид и на целиот регион му се закануваат поплави.

Во изјавата како екс шеф на ЕЛЕМ Мицкоски индиректно сугерираше празнење на Охридско езеро и Глобочица и трансфер на вода во Дебарското езеро што деновиве се случува.