Преку ноќ полициски час, преку ден… (ФОТО)

На социјалните мрежи се споделува фотографија од преполн автобус на ЈСП во кој има се’, но не и толку споменуваната дистанца на која инсистираат здравствените власти.



„Ова е автобус бр. 24 во Скопје вчера! Дистанца – слабо! Но, не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен ред за да се распределат, а нема ни понуда на друг превоз како алтернатива! “ стои во објавата на граѓанската иницијатива На Точак.

Оргиналните фотографии ги објавува активист на владеачката партија