Прекршочни за 7 декани кои не поднеле анкетни листови

Антикорупциска комисија одлучи да поведе прекршочна постапка за декани од државните универзитети Св Кирил и Методиј,  Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје кои немале доставено анкетни листови.



„По прибавување на податоци и документација, утврдено е дека деканите Влатко Шешов, Роберта Апостоловска, Ратко Дуев, Зоран Ракиќевиќ и Драгана Кузмановска имаат доставено анкетни листови надвор од законски утврдениот рок, додека деканите Ќиро Ивановски и Кирил Сотировски воопшто немаат доставено анкетни листови“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата за „Независен“.