Антикорупциска комисија на денешната седница одлучи да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО.



Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, како и обвинителите Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, како што велат од комисијата, континуирано примале дополнителни приходи односно надоместоци.

Иако имасло надминување на вредноста од 20 просечни плати, тие не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно законот за спречување на корупцијата.